Силекс се засилува со Матески од Охрид

Силекс за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе се засили и со младиот фудбалер од Охрид, Давид Матески.

17-годишниот крилен офанзивец ќе биде ново засилување за составот на Александар Васоски, пренесува „телевизија М Нет“.

Во договорот меѓу двата клуба, пак, во обратен правец ќе патува Дамјан Масевски кој од Силекс ќе се пресели во редовите на Охрид.

Се вчитува...