Прволигашот Шкенија ја забележа третата победа во пријателските натпревари во пресрет вториот дел од сезоната. Тетовци овој пат славеа над летонската Лиепаја со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Роналдо Вебстер кој ја затресе мрежата во 65. минута од средбата.

Тетовци повторно, и четврти едноподруго меч, одиграа натпревар без примен гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

