Шкупи ремизираше (1-1) со украински Оболон на пријателскиот натпревар во Анталија.
Чаирчани први поведоа со голот на засилувањето Ерик Гронер, кој погоди од пенал во 60.минута, но противникот израмни преку Суханов исто така од пенал во 76. минута од средбата.
Второлигашот Кожуф славеше на денешното гостувавање во Кочани, против Осогово со 0-2.
Капитенот на гевгеличани, Бојан Иванов стрелаше уште во 10. минута за водство од 0-1, а својот првенец за гевгелискиот тим го постигна и новото засилување Дејвид Митревски во 88. минута за конечни 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

