Фудбалерите на Воска спорт продолжуваат со позитивните резултати на подготовките во Црна Гора, триумфирајќи со 2-1 во четвртиот свој тест натпревар и против екипата на Бокељ од Котор.
Ален Јашаровски ја отвори серијата голови на овој натпревар, а противникот успеа да израмни пред полувремето.
Второто полувреме беше многу поенергично, македонскиот тим доминираше а Алекса Марушиќ со гол од пенал ја донесе победата од 2-1.
И на овој натпревар тренерот Миљан Радовиќ им даде можност на поголемиот дел од играчите на кои се смета за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

