Шкупи го прати на позајмица Ансах во втората турска лига

Македонскиот прволигаш Шкупи е на крајот од подготвителната фаза што ја спроведува во Анталија, Турција. Од клубот од Чаир денеска објавија дека го испратија на позајмица новиот фудбалер Клемент Ансах во екипата на Чорум Спор која се натпреварува во втората турска лига.

Периодот на позајмица е само за оваа сезона, Ансах ќе се приклучи на македонскиот тим следната сезона.

Се вчитува...