Шкупи убедливо против Воска Спорт за преземање на врвот, Шкендија триумфално во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Шкупи се издвои на врвот во Првата македонска фудбалска лига по првото пролетно коло откако денеска во 19-та рунда натпревари убедливо славеше на Чаир против Воска спорт со 3-0, а притоа искористувајќи го ремито без голови на досегашниот лидер Струга ТЛ на гости против Работнички. Шкендија ги следи чаирчани по победата од 0-1 на гости против Македонија ЃП.

АП Брера дојде до важна победа од 0-1 на гости против Силекс во Кратово за негативно деби на клупата на кратовци на Александар Васоски, а дербито меѓу Брегалница и Тиквеш во Штип заврши со неверојатен пресврт и победа на Брегалница од 2-1 со гол во 98. минута.

Шкупи прв дојде до предност на денешните натпревари.

Кристијан Трапановски во 45. минута дополни на веќе сериозна предност на Шкупи од 2-0.

Во второто полувреме, Гронер со својот втор гол во 50. минута заокружи за конечни 0-3.

Шкендија, пак, до победата од 0-1 во Ѓорче Петров против Македонија ЃП дојде со голот од пенал на Тотре во 29. минута од натпреварот.

Брегалница дојде до феноменална победа на домашен терен против Тиквеш од 2-1 со гол во 98. минута.

Претходно Тиквеш поведе по брз контранапад во 40. минута со голот на Едис Спахиу има водство од 0-1 на дербито на Истокот против Брегалница во Штип.

Кога се чинеше дека кавадарчани ќе однесат победа, најпрво Ѓорѓи Ѓорѓиев во 87. минута израмни на 1-1.

А, во 98. минута на сличен начин повратникот во тимот Пепи Георгиев постигна гол за триумф на Брегалница од 2-1.

Во Кратово, АП Брера дојде до триумф од 0-1 против Силекс благодарение на голот во 90. минута на Стамениќ.

Без голови заврши натпреварoт на „Борис Трајковски“ меѓу Работнички и Струга ТЛ.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-1
Тотре 29′(п)
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 0-1
Стамениќ 90′
Скопје: ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ 3-0
Гронер 5′, 50′, Трапановски 45′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2-1
Ѓ. Ѓорѓиев 87′, П. Георгиев 90+8′ – Спахиу 40′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-0
ВЧЕРА
Гостивар: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
Слишковиќ 90′ – Мишковски 85′

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...