ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Силен пролетен старт на Шкупи и Брера, роденденски деби блесок на Гронер

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 19. КОЛО

После нешто повеќе од два месеци пауза, стартуваше вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. И веднаш се случи смена на врвот на табелата, со тоа што Шкупи го презеде лидерското место од Струга ТЛ. Чаирчани имаа силен старт на пролетниот дел, со 3:0 го совладаа тимот на Воска, а напаѓачот Ерик Гронер уште на првиот меч покажа дека е тоа што го бара Шкупи во нападот, после заминувањето на Адетунџи. Силен старт покажа и Брера Струмица, која можеби помалку изненадувачки го совлада Силекс и тоа во Кратово. Брегалница во драматичен финиш беше подобар од Тиквеш, а Вардар покажа дека ќе се бори за опстанокот со ремито против Гостивар. Шкендија со гол од пенал успеа да го победи тимот на Македонија ЃП, додека Работнички и Струга ТЛ ги сочуваа своите мрежи и одиграа без голови.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ерик Гронер (Шкупи)

Одлично роденденско деби за напаѓачот Ерик Емануел Гронер. На својот прв официјален настап и тоа на неговиот 23. роденден. Гронер на својот прв настап постигна два гола, носејќи му на својот тим три бода, и со тоа Шкупи успеа да се искачи на првото место на табелата, со бод повеќе од Струга ТЛ и три од Шкендија.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бојан Круљ (Брера)
Брера од Струмица имаше проблеми во финишот од минатата сезона, и со слабата форма се најде во долниот дел на табелата. Дојде до тренерска смена и до играчки промени во кадарот, а тоа донесе резултат уште на првиот меч. Брера славеше победа на тешкиот терен во Кратово, а Силекс го запиша првиот пораз на својот стадион, и затоа новиот тренер на Брера, Бојан Круљ е еден од заслужните за овие три бода.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Ерик Гронер (Шкупи)

Шкупи на крилата на Ерик Гронер успеа да го совлада тимот на Воска, и да ја стартува пролетта со три бода. Еден од креаторите на победата е „деветката“ на чаирскиот тим, кој успеа со два гола да ги донесе бодовите. Првиот гол е еден од најубавите на колото, со оглед дека успеа добро да се отвори, да прими топка, да го мине и излезениот Захов, и одкосо од десно да стрела во мрежата.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...