Брегалница со два гола во финишот од средбата го сруши Тиквеш, и победнички го стартуваше пролетниот дел од сезоната. Иако штипјани губеа, сепак, во 89. минута и во судиското надополнување остварија победа.
Горан Здравков, тренерот на штипјани вели дека неговите играчи биле трпеливи, и на крајот дошле до важни бодови.
„”Остваривме важна победа , одигравме одговорно и дисциплинирано во текот на сите 90 минути. Целта е остварена, забележавме три важни бода кои ќе ни ја вратат самодовербата за наредните натпревари. Имавме тежок противник против нас, екипа која знае да игра на резултат, но сепак бевме стрпливи и победивме. Честитки за сите актери на теренот, огромна благодарност за публиката која не бодреше цели 90 минути и беше стрплива и позитивна и сите заедно се радувавме на трите бода. Ова е мотив за подобри натпревари и резултати во иднина.”, рече Здравков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

