Дербито во 20. коло во ПМФЛ почна со големи возбудувања, и промашена огромна шанса на Струга ТЛ да го отвори мечот со водство.
Стружани добија пенал уште во 3. минута откако по една супер акција, Шабани се најде сам пред Иљази, и беше срушен од голманот на Шкупи.
Меѓутоа чуварот на мрежата на чаирчани од трагичар се претвори во херој, и му го одбрани пеналот на Ибраими, со што и натаму нема голови во Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

