Вардар има убедливо водство од 2-0 против Брегалница по првото полувреме во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, „вардарци“ дојдоа до предност со голот од пенал на поранешниот напаѓач на Брегалница, Марјан Алтипармаковски во 21. минута.
Веќе во 25. минута прекрасен гол постигна Глишиќ со шут од 15 метри за водство и од 2-0.
Шкендија има предност од 1-0 против Гостивар во полошкото дерби благодарение на феноменалниот гол на Аденис Шаља кој во 37. минута од 25 метри испрати вистински проектил под гредата од голот на гостите.
Тиквеш сосема заслужено, по подобрата игра низ првиот дел, води со 1-0 против Работнички. Кавадарчани до предноста дојдоа во 17. минута со мајсторскиот погодок со глава на Бразилецот Робертињо Нето по корнерот од десната страна.
АП Брера продолжува со извонредниот старт на пролетниот дел од сезоната. По претходната гостинска победа над Силекс во Кратово, сега струмичани на дуелот кој се игра во Турново по првите 45 минути водат со убедливи 3-0 против Македонија ЃП.
Цветаноски во 4. минута, Миловановиќ во 12. минута и Ивковиќ во 43. минута се стрелци на головите за водство на АП Брера од 3-0.
Ова е првпат сезонава АП Брера да постигне три гола на еден натпревар, и тоа сега за само едно полувреме.
ПРВА ЛИГА – 20. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 1-0
Шаља 37′
Струмица: АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0
Цветаноски 4′, Миловановиќ 12′, Ивковиќ 43′
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 1-0
Нето 17′
Охрид: ВОСКА – СИЛЕКС 0-0
Скопје: ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Алтипармаковски 21′(п), Глишиќ 25′
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА