Тиквеш му одржа лекција на Работнички победувајќи со 2-0 во извонреден натпревар во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига. кој можеше да заврши и со поубедлива победа на домашните.
Кавадарчани до предноста дојдоа во 17. минута со мајсторскиот погодок со глава на Бразилецот Робертињо Нето по корнерот од десната страна.
А, во второто полувреме во 52. минута супер-гол на Кристијан Стојкоски директно од слободен удар од околу 25 метри за водство и победа од 2-0.
Во продолжението Тиквеш можеше да дојде и до поубедлива победа, целосно контролирајќи ја играта, со одлична тактичка поставеност, но Сантош во 75. минута од слободен удар ја погоди само гредата од голот на гостите.
ПРВА ЛИГА – 20. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 2-2
Шаља 37′, 69′ – Кехинде 90’+1 (п)
Струмица: АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0
Цветаноски 4′, Миловановиќ 12′, Ивковиќ 43′
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 2-0
Нето 17′, Стојкоски 52′
Охрид: ВОСКА – СИЛЕКС 0-0
Скопје: ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Алтипармаковски 21′(п), Глишиќ 25′
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

