Добри вести од Норвешка: Се е во ред со Катрин Лунде

Позитивни информации пристигнуваат од Норвешка околу здравствената состојба на Катрин Лунде, откако легендарната голманка колабираше за време на дуелот меѓу нејзиниот тим Вајперс и екипата на Ромерике.

Во салата завладеа молк додека и беше укажувана лекарска помош, потоа Лунде беше пренесена во најблиската клиника, каде врз неа беа извршени детални лекарски прегледи.

„Извршени се сите прегледи, за среќа не е пронајден прболем со здравствената состојба на Лунде. Од она што можеме да го кажеме во моментов, се чини дека причина за нејзиното колабирање е пад на притисокот“, информираат од клиниката каде беше примена ракометарката.

Нејзиниот клуб попладнево се јави со соопштение дека Лунде се чувствува добро и веќе била пуштена на домашно лекување, во следните неколку дена нема да тренира, но се очекува следната седмица да се приклучи на екипата.

Се вчитува...