И ракометарите на Норвешка обезбедија виза за Летните олимписки игри 2024 во Париз откако во вториот натпревар од квалификациската Група 3 славеа против директниот конкурент Унгарија со 29-25 (16-13).
Па, по претходната победа над Португалија, Норвежаните сега се сигурни учесници на ЛОИ во Париз.
Уште во првото полувреме Норвешка се стекна со предност која потоа рутински ја одржуваше во вториот дел за конечна победа од четири гола разлика.
Во последното коло, дуелот меѓу Унгарија и Португалија ќе одлучува која ќе биде втората селекција од оваа група која ќе обезбеди учество на Олимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА