Фудбалерите на Шкупи и на Тиквеш одиграа натпревар без голови во првиот меч од полуфиналето во Купот на Македонија.
На дуелот кој се одигра на Чаир, Шкупи не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен за да дојде до позитивна разлика во пресрет на реваншот во Кавадарци.
Чаирчани имаа поголема иницијатива во обидот да дојдат до гол, но сето тоа без нагласени шанси со одлична тактичка поставеност на Тиквеш кој ги неутрализираше сите обиди на домашните.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ (прв натпревар)
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-0
УТРЕ (03.04 – 15 ч.)
Охрид: ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА