Фудбалерите на Олимпик Марсеј останаа единствен конкурент за титулата сезонава на ПСЖ, откако му се доближија на само четири бода на врвот на табелата, совладувајќи го тимот на Рен како гостин со 1-2.
Тимот од Марсеј имаше и среќа во овој дуел, затоа што Рен промаши пенал уште во раната фаза на мечот, но потоа успеа да поведе.
Калимуендо најпрво не реализираше од пенал, а потоа реализираше од игра, и го донесе домашниот тим во водство во 43. минута. Не за долго, затоа што две минути подоцна Гринвуд донесе израмнување.
Во вториот дел Гринвуд асистира, а Рабио погодува за 1-2, што на крајот ќе се покаже како конечен резултат на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА