Работнички го „демолираше“ Шкупи победувајќи со +35 поени разлика

Работнички со извонредна победаод 103-68 триумфираше против Шкупи во првиот натпревар од новата 2025 година, дел од 13. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Од самиот старт домашните наметнаа силно темпо кое гостите не можеа да го следат. Првото полувреме заврши со +24 поени разлика за Работнички (53-29).

Во ист стил се продолжи и во второто полувреме за конечен триумф од 103-68 за „центарци“.

Најдобар поединец кај Работнички беше Стојан Ѓуроски со 22 поени дополнети и со четири скока и три асистенции, а Полутак заврши со 17 поени. На спротивната страна Арнолд и Златевски запишаа по 18 поени.

Се вчитува...