КФСМ во контрола на салите – Гостивар, Куманово и СРЦ „Кале“ не ја минаа инспекцијата

Комисија на Кошаркарската федерација на С. Македонија беше во инспекција на спортските сали низ државата, па на денешниот состанок со претставниците на клубовите беа презентирани комплетните извештаи, според кое констатирано е дека три сали не ги задоволуваат условите пропишани во Службените кошаркарски правила.

Како што информираат од КФСМ, четири екипи остануваат без сали за играње на натпревари, меѓу нив е и прволигашот Работнички.

Салите кои не ги исполнуваат сите технички услови се:

– КК „Гостивар АД“, сала „Младост“ – Гостивар, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;

– МКК „Куманово 2009 АД“, сала „Перо Наков“ – Куманово, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;

– КК „Вардар АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозиции за натпреварување во сениорски лиги);

– КК „Работнички АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги);

Од КФСМ информираат дека салите ќе бидат суспендирани доколку недостатоците не бидат отстранети до пред почетокот на натпреварите од 14. коло.

КОМПЛЕТНИОТ ИЗВЕШТАЈ од комисијата за проверка на спортските сали може да се прочита на следниот ЛИНК.

Се вчитува...