Ѓорѓиев: Холанѓаните умешно ги искористија нашите грешки

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонија загуби од Холандија на вториот свој натпревар на Светското првенство 2025.

Сепак, избраниците на Кире Лазаров пружија максимална борба, храбро потклекнувајќи пред фаворитот кој и, се чини, со судиска помош на крај дојде до победата.

„Им честитам на соиграчите за борбата. Игравме против поинаква селекција од Унгарија. Холандија има искусна репрезентација, а нашите грешки ги искористија најдобро што можеа.  Ни останува да се одмориме добро, да ги избистриме главите, да се адаптираме на ситуацијата и да се спремиме за Гвинеја против која одиме на победа“ – истакна ракометарот на Алкалоид, Ѓорѓиев.

Македонија во последната рунда од првата фаза на СП 2025 ќе игра против дебитантот Гвинеја и со победа или реми ќе се пласира во наредната фаза каде би пренела еден бод заради ремито со Унгарија.

Се вчитува...