ИХФ со санкции: Се затвораат дел од трибините во Вараждин, РФМ казнет со 10.000 франци

Светската Ракометна Федерација ИХФ попладнево објави соопштение во врска со синоќешниот дуел меѓу Македонија и Холандија, изрекувајќи санкции поради инцидентите што се случија на трибините на овој натпревар.

Ракометната Федерација на Македонија е казнета парично со 10.000 швајцарски франци за овој инцидент на навивачите од нашата земја, со напомена дека следни вакви случки ќе значат и забрана за присуство на навивачи во арената во Вараждин.

Она што е уште позначајно, парична казна е изречена и до Хрватската Федерација за слабата организација на натпреварот. Покрај паричната санкција за организаторите, ИХФ донесе и одлука за забрана на дел од трибините, и тоа делот што се наоѓа веднаш зад клупите на двете селекции.

Покрај тоа, светската куќа на ракометот сугерира овој дел од трибините да остане затворен за сите натпревари до крајот од ова СП што ќе се играат во салата во Вараждин.

Згора на тоа, ИХФ преку соопштението се заканува и со целосно затворање на оваа арена доколку биде повторен инцидент сличен на оној на синоќешниот дуел меѓу Македонија и Холандија.

Соопштението на ИХФ во врска со синоќешниот нстпревар во Вараждин можете да го проследите на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...