Будуќност во „пеколно продолжение“ ја реши Црвена Звезда среде Белград

Кошаркарите на Будуќност триумфираа со 89-96 на гостувањето против Црвена Звезда во дербито на 20. коло од АБА лигата, со што веќе се поизвесно е дека црвено-белите нема да успеат да дојдат до првото место по првата фаза од регионалното натпреварување.

Будуќност беше подобрата екипа на паркетот во Белград во текот на целиот натпревар, иако Црвена Звезда со подобра последна четвртина која ја доби со 23-17 успеа да дојде до 80-80 во регуларниот дел и продолжение.

Но, во „пеколно продолжение“ кое го доб со 9-16, Будуќност сосема заслужено дојде до победата.

Најдобар кај Будуќност беше Американецот Рајт со 19 поени и шест асистенции, а Суламон заврши со 17 постигнати поени. Кај Црвена Звезда се издвои Петрушев со 17 поени.

Се вчитува...