Гвардиола: Стариот Сити веќе нема да го видите, но…

Сигурно е дека Манчестер Сити нема да ја одбрани титулата и дека ќе го има најслабиот пласман од првата сезона на Пеп Гвардиола на клупата. Самиот тренер е свесен дека една ера на „Етихад“ е завршена.

Манчестер Сити не беше ниту прв ниту втор само во првата сезона под водство на Пеп Гвардиола, а моментално тимот од Манчестер е четврти со дури седум бода помалку од второпласираниот Арсенал.

„Стариот Сити беше многу добар. Но, тој никогаш повеќе нема да биде. Сепак, ќе се вратиме. Пласман во Лигата на шампионите би бил добар резултат за нас оваа сезона“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...