Поранешниот холандски фудбалер Ројстон Дренте зборуваше за различни интересни работи од својата кариера, а зборуваше и за конфликтот со Лионел Меси.
Tој во интервју откри дека Лионел Меси еднаш го нарекол „еб*н црнец“.
„Кога играв за Херкулес, Меси на еден натпревар ме нарече „еб*н црнец“. Подоцна ми објасни дека аргентинските фудбалери така се шегуваат меѓу себе, тоа му го кажале на Езекиел Гарај и не му пречело. Сепак, тие мора да сфатат дека на човек како мене му беше непријатно во тоа време. Не е исто кога соиграчите ќе ви го кажат тоа на тренинг и кога противникот така ви се обраќа. Подоцна не разговаравме за тоа, темата е застарена. Секако дека имам голема почит кон него, тој беше еден од најдобрите во светот“, изјави Дренте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

