Ќе биде лудо во Арсенал: Ќе се продаваат пет играчи за потписот на напаѓачот на Атлетико

Иако сезоната не е завршена и Арсенал има шанси за трофеј во Лигата на шампионите и во Премиерлигата, уште од сега се „кова“ план за иднината. Така „топчиите“ планираат да продадат петмина играчи, за да донесат еден класа напаѓач, со оглед дека Виктор Ѓокереш не ги оправда целосно очекувањата, а Габриел Жесус е надвор од форма, додека Каи Хаверц се почесто е на трибините поради повреда.

Не е тајна дека Барселона е во „војна“ за потписот на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Меѓутоа сега во трката се вклучува и Арсенал. Атлетико за неговите услуги бара огромна сума пари, преку 120 милиони евра.

Но, желбата на Алварез е да се врати во Премиерлигата, каде настапуваше во Манчестер Сити, но секогаш беше во сенка на Ерлинг Халанд, за сега во Атлетико едноставно да експлодира. И со тоа го привлече вниманието кон себе од големите клубови.

Тренерот Микел Артета е подготвен да продаде петмина играчи, само да го донесе Аргентинецот во своите редови. Станува збор за Итан Нванери, Бен Бајт, како и Мајлес Луис-Скели, Габриел Жесус и абриел Мартинели. Се споменува дека и иднината на капитенот Мартин Одегард е неизвесна, па лесно може и тој да се најде на оваа листа.

Се вчитува...