Кeрик доби ривал во битката за местото менаџер на Манчестер Јунајтед

Одлуката за нов тренер на Манчестер Јунајтед се очекува да биде донесена наскоро, а се чини дека Мајкл Керик ќе доби шанса да го води тимот, по добрите резултати кои ги бележи откако ја презеде екипата од Рубен Аморим.

Но, „Тајмс“ истакнува дека Англичанецот има ривал за клупата на Јунајтед, и тоа во името на Андони Ираола кој по крајот на сезоната заминува од таборот на Борнмут.

И покрај тоа што имаше информации дека Ираола ќе се врати во Шпанија, сепак, на крајот се чини ќе остане во Англија, со оглед дека е во комбинација и за тренерската позиција на Челси.

Токму овие двајца кандидати се најсериозните за преземање на тимот од Олд Трафорд, а и натаму фаворитската улога ја има Керик.

Се вчитува...