И покрај тоа што имаше најави дека уште во оваа сезона Барселона би можела да се врати на својот стадион „Камп Ноу“, сепак, веројатно тоа нема да се случи.
Според Релево, каталонскиот клуб нема да може да игра на Камп Ноу оваа сезона. Тимот нема да се врати на својот стадион барем до октомври оваа година. Сепак, изворите кои редовно ги следат градежните работи навестуваат можно враќање дури во јануари 2026 година.
Се вели дека поставувањето на покривот е одложено до летото 2026 година, а третото ниво, чија надворешна конструкција се гради со забрзано темпо, ќе биде завршена летово. Така, роковите може повторно да се променат.
Една од наведените причини е доцнењето на изградбата на ВИП собите. За нивно завршување ќе бидат потребни најмалку три месеци.
Покрај тоа, Барселона нема да може да добие план за заштита од пожари одобрен од противпожарните служби оваа сезона. Без него е невозможно да се добие дозвола за одржување натпревари со 60.000 гледачи. Останува под знак прашалник и планот за евакуација, кој исто така е задолжителен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

