Голема дерби победа на Димитријевиќ и Баерн

Баерн Минхен уште еднаш покажа зошто е главен фаворит за титулата во Германија откако тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ славеше на дерби дуелот против Алба Берлин со резултат 85-79.

Гостите од Берлин одлично му парираа на баварскиот гигант, но искуството и квалитетот на Баерн се покажаа како пресуден фактор. Резултатот на полувреме гласеше 42-37, Алба во вториот дел направи пресврт, но потоа дојде до будење на домашниот состав, кој ја презеде контролата, повторно стигна до водство претворајќи го во конечен триумф.

Димитријевиќ одигра уште еден квалитетен меч, за 22 минути игра реализирајќи 9 поени, 6, скокови, 5 асистенции и 3 украдени топки.

Најефикасни во таборот на Баерн беа Обст со 18 и Рејтан Мејс со 12 поестигнати поени.

Се вчитува...