Хаос и полиција на терен: Тепачка на мечот Златибор – Црвена Звезда (видео)

Огромен инцидент го одбележа вториот дуел од српскиот плејоф меѓу Златибор и Црвена Звезда, откако дојде до тепачка на теренот по што мораше да реагира и полицијата.

Во главна улога беше Никола Калиниќ, искусниот српски репрезентативец коj мора да добие жестока казна за своето однесување. Имено, 35-годишниот кошаркар влезе во конфликт со домашниот играч Чибеј, туркајќи го на земја и потоа два пати удирајќи го со тупаница во главата.

Во настанатиот хаос втрчаа играчи од клупите на двете екипи, полиција мораше да влета на теренот за да биде спречен посериозен инцидент, а покрај главните актери Калиниќ и Чибеј, исклучувања добија уште по двајца кошаркари од двата тима, поради истрчување од клупата директно на терен.

Бесниот Калиниќ по инцидентот сакаше дури и да се пресмета со дел од навивачите, за дополнителна тензија во салата…

Погледнете го тоталниот хаос што владееше пред крајот на третата четвртина од овој натпревар…

Се вчитува...