Евролигашка бомба: Валанчиунас се враќа на стариот континент

Жалгирис испрати понуда до Јонас Валанчиунас, а познати се и финансиските детали. Во Жалгирис не сакаат да чекаат на исходот од ситуацијата околу Јонас Валанчиунас, туку решија конкретно да реагираат и да се приклучат во трката за неговиот потпис, и покрај интересот на европските гиганти како што е Панатинаикос.

Литванските медиуми објавуваат дека клубот од Каунас веќе испратил официјална понуда до искусниот центар, на денот кога Денвер Нагетс ја завршија сезоната со разочарувачки резултат.

Како што наведува „Krepsinis.net“, а потврдува „BasketNews“, станува збор за двегодишен договор со опција за продолжување, со јасно дефинирани финансиски услови.

Сепак, ситуацијата не е едноставна. Искусниот центар, кој ќе наполни 34 години на 6 мај, сè уште е под договор со Денвер уште една сезона. Иако беше на работ на враќање во Европа претходното лето и практично имаше договор со Панатинаикос, франшизата од Колорадо инсистираше тој да остане и да биде дел од нивните планови за сезоната 2025/26.

Се вчитува...