Секуловски: Респект кон Работнички, но Пелистер има мисија опстанок

Фудбалерите на Пелистер утре ќе му гостуваат на Работнички во натпревар од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига кој ќе биде од клучно значење во борбата за опстанок во елитата.

Тренерот на битолчани Марјан Секуловски пред утрешниот меч вели дека иако го почитува противникот, Пелистер има мисија опстанок во лигата.

„Максимален респект кон противникот. Квалитетен противник, спој на младост, искуство и интернационални играчи. Наша задача е да одиграме максимално борбено и ангажирано, со максимална тактичка дисциплина во играта од почеток до крај на натпреварот. Да ги неутрализираме нивните квалитети во играта, и да ги искористиме нивните недостатоци во играта, слаби страни кои секоја екипа ги има. Со квалитетен пристап од почеток до крај на натпреварот да направиме да се радуваме сите заедно по завршувањето на натпреварот“, изјави Секуловски. 

Се вчитува...