Без милост: Суспензии за Јанакопулос и за Мајк Џејмс

Дисциплинците во Евролигата имаа полни раце работа по синоќешните втори четвртфинални натпревари, изрекувајќи им суспензии на првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, како и на најдобриот кошаркар на Монако, Мајк Џејмс.

Јанакопулос е казнет со три меча суспензија (забрането присуство во салата каде што игра Панатинаикос) поради инцидентите направени во финишот од синоќешниот дуел со Валенсија. Првиот човек на ПАО ќе мора да плати 10.000 евра парична казна, но што е уште поважно – суспензија што значи дека тој најверојатно нема да може да го боди во живо својоттим на фајналфор турнирот во Атина.

Имено, ако ПАО слави во третиот дуел на домашен терен, тоа ќе значи победа од 3-0, но и дека Јанакопулос ќе ги пропушти преостанатите две средби од фајналфорот поради најновата изречена казна од Евролигата. Звучи лудо, но првиот човек на ПАО треба да навива неговиот тим да ги загуби наредните две средби во Атина, потоа да слави во мајсторката во Валенсија, за тој да може да го проследи целиот фајналфор.

Суспензија заработи и Мајк Џејмс, и тоа од еден натпреварот, па американскиот поентер нема да може да го предводи Монако на третиот меч од четвртфиналната серија со Олимпијакос. За потсетување, Џејмс беше исклучен поради приговори кон судиите, а при напуштањето на теренот гестикулираше дека арбитрите се потплатени, поради што всушност и ја доби оваа суспензија.

Се вчитува...