Постои огромна пречка во трансферот на Ѓокереш во Манчестер Јунајтед

Виктор Ѓокереш, играчот на Спортинг Лисабон е трансферна цел на многу клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед. Голгетерот од Шведска е приоретна цел на тимот од Олд Трафорд, а Јунајтед летово ќе се ослободи веројатно од Зиркзе и од Хојлунд, само да дојде до услугите на голгетерот кој има одлична сезона, и на 39 меча постигна 37 голови.

Сепак, има една голема пречка, а тоа е што напаѓачот сака да игра во Лигата на шампионите. Во моментов тоа изгледа многу невозможно. Само трофеј во Лигата на Европа би можел да ја смени ситуацијата во Јунајтед.

Манчестер во моментов е на 14. позиција, далеку од местата кои носат воопшто во Европа, а не па во Лигата на шампионите. Затоа за таа цел на Манчестер ќе му остане само натпреварувањето во Лигата на Европа. Моментално тимот е во 1/8 финалето, и пред реваншот со Реал Сосиедад кој се игра на „Олд Трафорд“ има 1-1 од гостувањето во Шпанија.

Се вчитува...