Египетскиот интернационалец Мохамед Салах се искачи на третото место на листата на најдобри стрелци на Ливерпул на сите времиња.
Денеска, крилниот напаѓач постигна два гола од пенал на натпреварот против Саутемптон (3:1) во 28. коло од Премиер лигата.
Египќанецот го одигра својот 390-ти натпревар за „црвените“. На контото има 243 гола.
Салах го надмина Гордон Хоџсон (241 гол на 377 натпревари) и заостанува само зад Роџер Хант (285 гола на 492 натпревари) и Јан Раш (346 гола на 660 натпревари).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

