БиХ извиси: Новиот хит голгетер одбра репрезентација

Мика Бирет, најпријатното откритие во европскиот фудбал кој по трансферот во Монако продолжи со фантастичната голгетерска форма се најде во интересна ситуација бирајќи една од четири репрезентации за која ќе настапува.

Бирет е роден во Лондон и потекнува од младинската школа на Арсенал па може да игра и за Англија, но постоеше шанса да игра и за Данска или Германија од каде потекнува неговиот татко, како и за Босна и Херцеговина од каде е неговата мајка.

Во БиХ се надеваа дека изборот ќе падне на нив, но тој го прифати повикот на репрезентацијата на Данска и ги реши сите дилеми за репрезентативната иднина.

Се вчитува...