Анчелоти бесен: Ова е неверојатно, зошто играме утре?

Само три дена по исцрпувачкиот реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико, на кој Реал се пласираше по 120 минути игра и пенали, актуелниот шпански шампион мора да ја продолжи борбата за одбрана на домашната титула и тоа да го направи на тешко гостување. Реал Мадрид утре од 18 часот и 30 минути го игра дербито на 28. коло на Ла Лига против Виљареал. Тие гостуваат во екипа која се бори за пласман во Лигата на шампионите. Овој натпревар е клучен за Реал, како и сите други десет до крајот на Ла Лига, бидејќи на врвот водат мртва трка за титулата со Барселона и Атлетико.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес-конференција огорчено зборуваше за премногу натпревари по сезона и густиот распоред. 

„Ме прашувате како е мојот тим? Значи, ние сè уште се опоравуваме. Па, натпреварот против Атлетико не беше толку одамна. Не разбирам зошто играме утре. Основниот минимум за опоравување по натпревар е 72 часа, но за опоравување, а не дека пред истекот на тој рок мораш да играш нов натпревар“, изјави Анчелоти.

„Нам ни следува токму тоа. Опоравувањето на играчите е приоритет, оние кои одлучуваат се грижат само за ТВ правата, но не и за фудбалерите. Ова ни е стресна сезона поради преголемиот број на натпревари“, рече Анчелоти.

Се вчитува...