ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев
Фудбалската репрезентација на Македонија со победа над Лихтенштајн од 0-3 ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
По мечот селекторот на Лихтенштајн, Конрад Фунфстук изјави дека клучно во мечот било првото полувреме по кое Македонија имала веќе предност од 0-2.
„Неверојатно сум горд на тоа како мојот тим се претстави денеска. Првите два гола дојдоа во многу несреќен момент, а кога на полувреме се оди со негатива од 0-2, станува многу тешко да се направи нешто против овој противник“, изјави Фунфстук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА