Белингем: Подготвен сум во Реал Мадрид да останам до крајот на кариерата

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем е подготвен до крајот на кариерата да остане дел од кралскиот клуб. Тој за медиумите во Мадрид изјави дека е среќен, и себе си се гледа долго време во дресот на Реал.

Белингем во 2023 година од Борусија Дортмунд се пресели во Реал Мадрид, и веднаш со „кралевите“ во првата сезона дојде до титулата во Лигата на шампионите.

„Реал Мадрид е совршен клуб за мене. Среќен сум што сум дел од овој клуб, и подготвен сум да останам уште 10-15 години, и себе си се гледам само во овој дрес“, рече Белингем.

Досега англискиот репрезентативец одигра 82 натпревари, и даде 35 гола и запиша 24 асистенции.

Се вчитува...