Манчестер Јунајтед го претрпе 13-тиот пораз во 30-тото коло во Премиер-лигата, откако вечерва загуби на гостувањето кај Нотингем Форест со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше поранешниот играч на Црвените ѓаволи, Антони Еланга во 6. минута.
Швеѓанецот во раната фаза од мечот го претрча речиси цел терен и го матираше Онана, што на крајот ќе се покаже како единствен погодок во пресметката.
И покрај тоа што Манчестер Јунајтед во продолжението целосно доминираше, сепак, на крајот не успеа да дојде барем до израмнувачки гол. Шансата на мечот ја имаше Мегваер кој во судиското надоплнување се обиде, но Нотингем расчисти од самата гол линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА