Спектакуларен реванш натпревар во полуфиналето на Купот на Шпанија се одигра вечерва во Мадрид, каде што Реал Сосиедад го победи Реал Мадрид со 4-3, и така со вкупни 4-4 и двата тима ќе играат продолженија.
Гол серијата ја почна Беренече во 16. минута откако им избега на одбранбените фудбалери, и го совлада Лунин. Ендрик во 30. минута израмни, откако доби прекрасна топка од Винициус.
Реал Сосиедад повторно поведе во 72. минута благодарение на автоголот на Алаба во 72. минута од средбата. Кога Ојарзабал погоди во 80. минута од средбата, домашните навивачи почнаа да стравуваат дека тука ќе биде крајот за „кралевите“ во Купот.
Меѓутоа Белингем за само две минути успеа да израмни, а потоа Чуамени во 86. минута по грешката на голманот на Сосиедад успеа да израмни. Сепак, тимот од Баскија не сакаше да се предаде, па Ојарзабал во судиското надополнување донесе уште една предност за Реал Сосиедад, користејќи ја грешката овојпат на Лунин кој „исплива“ во празно.
Побендикот од вечерашниот меч ќе го чека подобриот од дуелот Атлетико Мадрид – Барселона. Првиот меч заврши со неверојатни 4-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА