Шпанците коментираат: „Скандал… На Реал не му треба таква помош, голот е од 10-метарски офсајд на Мбапе“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Купот на кралот откако синоќа одигра 4-4 по продолженија против Реал Сосиедад. Тоа беше реванш полуфинале кое се играше на „Сантијаго Бернабеу“, каде домашните бранеа и одбранија 1-0 од првиот натпревар. Дел од шпанските медиуми сметаат дека Реал Сосиедад е оштетен, при што најдалеку секако оди каталонски „Спорт“ кој сето тоа го нарекува скандал.

„Скандал. Голот на Реал дојде од 10-метарскиот офсајд на Мбапе“ – е насловот на Спорт кој ја објаснува акцијата што му претходеше на голот во 86. минута. Стрелец беше Чоамени по удар од корнер, а Спорт тврди дека корнерот не требало да се случи.

„Корнерот од кој Чуамени постигна гол не требаше да биде изведен бидејќи му претходеше очигледен офсајд на Мбапе. Има многу контроверзии на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад. Кралскиот клуб на крајот го сврте резултатот, но тоа беше по нерегуларен гол на Чуамени кој дојде од корнер, но тој удар од аголот не требаше да се изведе бидејќи во претходната акција имаше чист офсајд од страна на Килијан Мбапе. Влијанието на Мбапе беше очигледно за погодокот“ – пишува „Спорт“.

А, реакција имаше и од таборот на Реал Сосиедад.

„Голот на Реал за 3-3 беше постигнат по очигледен офсајд на Мбапе. Очигледно е дека тој беше во недозволена позиција во акцијата пред корнерот од кој се изведе центрирањето за гол. Тоа е офсајд, и тој секогаш се суди. Реал Мадрид е голем клуб и не му треба ваква помош од судиите. Тврдам дека немаше да го признаат голот ако вака беше постигнат на другата страна“ – истакна по мечот тренерот на Сосиедад.

Се вчитува...