Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, клупската легенда Оле Гунар Солскјер во опширно интервју за „Би-би-си“ говореше на разни теми, а една од нив беше и неговиот омилен англиски клуб.
Солскјер откри дека е разочаран од тешката сезона на Манчестер Јунајтед, а се осврна и кон трансферот на Скот Мектоминеј во Наполи за кој не може да верува како клубот се откажал од англискиот талент кој потекнува од младинската школа.
„Скот и Фред се играчи на кои секогаш можеш да сметаш. Како можеа да го продадат Скот навистина не ми е јасно“, изјави Солскјер.
Норвешкиот тренер и англискиот фудбалер соработуваа на „Олд Трафорд“ три години, од 2018 до 2021.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

