Турскиот фудбал би можел да донесе нов мега-трансфер доколку се реализираат најавите дека Фенербахче е тргнат во офанзива во потписот на Нејмар.
Весникот „Фанатик“ повикувајќи се на клупски извори тврди дека веќе е воспоставен прв контакт меѓу Фенер и Нејмар, кој е слободен играч по истекот на договорот со Сантош и би можел без никаква отштета да се пресели во Истанбул. Жозе Мурињо е креатор на оваа идеја, португалскиот стратег и самиот стапил во контакт со екс-голгетерот на Барселона и ПСЖ убедувајќи го да дојде во Фенер, но останува да се види дали клупските директори ќе успеат да постигнат договор околу висината на отштетата.
Мурињо е решен да доведен врвен голгетер во тимот откако Фенер летово реши да не им понуди нови договори на Тадиќ и на Џеко. Нејмар е главна желба на трофејниот стратег, но доколку овој мегатрансфер не се реализира, план Б би бил ангажман на Португалецот Рамош од редовите на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

