Симеоне: Кога на Енрике му требаше крилен играч, ПСЖ потроши 70 милиони евра

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне имаше интересен коментар за убедливиот пораз на неговиот тим од ПСЖ. Атлетико беше поразен од „светците“ со 4-0 во првиот меч од Светското клупско првенство.

Симеоне се „вадеше“ на фактот дека противникот во своите редови има скапо платени играчи.

„Алварез играше како напаѓач, а Гризман како втор напаѓач, Антоан имаше одлична можност да даде гол, но не успеа. Игравме против ПСЖ, тим кој е составен од млади играчи. Кога на Енрике му требаше крилен фудбалер, тие дадоа 70 милиони евра и го доведоа“, изјави Симеоне, алудирајќи на Квича Кварацхелија кој дојде во јануари од Наполи за сума од 70 милиони евра.

Се вчитува...