Новиот играч на Сити: Едвај го чекам дуелот со Манчестер Јунајтед за да ги уништам!

Едно од новите засилувања на Манчестер Сити , Рајан Шерки, брзо се соочи со градскиот ривал Манчестер Јунајтед во првите неколку дена од неговото пристигнување на „Емирати“.

Французинот вети дека ќе ги „уништи“ „Црвените ѓаволи“, велејќи дека едвај чека да се соочи со нив во градското дерби меѓу двата тима. Тој го наведе драматичниот пораз на неговиот поранешен тим Лион на „Олд Трафорд“ пред само два месеци како причина за ова.

Лион беше блиску да помине понатаму, но Јунајтед успеа да постигне три гола за шест минути, и со драматична победа од 5-4, да продолжи во следната фаза, елиминијраќи го францускиот тим.

„Не ми се допадна победата на Манчестер Јунајтед над Лион. Сега со нетрпение го чекам дуелот со нив за да ги уништам“, рече Шерки.

Французинот влезе во конфликт со навивачите на Јунајтед за време на натпреварот, за што потоа беше критикуван.

Се вчитува...