Искусниот англиски голман Том Хитон и во сезоната 2025/26 ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед откако официјално ја продолжи соработката со легендарниот англиски клуб која во вториот мандат трае од 2021 година.
Сега 39-годишниот е трет избор од самото пристигнување на „Олд Трафорд“ пред четири сезони па така настапи на само три натпревари за првиот тим.
Хитон потекнува од младинската школа на Манчестер Јунајтед, за прв пат беше промовиран во првиот тим во 2005 година, но и покрај тоа што беше дел од клубот до 2010 година овој период го помина на разни позајмици. Од 2010 до 2012 година беше дел од Кардиф по што следеа настапи и за Бристол, Барнли и Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

