Флоријан Вирц од вечерва и официјално е нов член на Ливерпул откако англискиот гигант го комплетираше трансферот на германскиот генијиалец од редовите на Баер Леверкузен.
Клубовите долго преговараа и на крајот најдоа заеднички јазик, за нов англиски трансфер од опочетни 100 милиони фунти, со дополнителни 30 милиони поврзани со неколку клаузули, со што Вирц стана најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата.
Германецот зеде неколку дена одмор по настапот за репрезентацијата на Лигата на Нации, синоќа пристигна во Ливерпул, каде по лекарските прегледи и официјално го стави потписот на петгодишниот договор со новиот англиски првак.
„Пресреќен сум и многу горд, долго време чекав се да биде договорено, затоа и денеска сум толку среќен. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата, зборував со поранешни фудбалери и сите ми кажаа дека доаѓам во неверојатен клуб, што ќе биде перфектен за да ги покажам своите квалитети. Ќе уживам во секој момент, едвај чекам да го одиграм својот прв меч за Ливерпул“, изјави Флоријан Вирц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

