Баерн Минхен успеа да осигура пласман во нокаут фазата од клупскиот мундијал откако баварскиот гигант рано утрово славеше со 2-1 во дуелот со Бока јуниорс. По убедливиот триумф над Оукленд, баварците со шест бода по првите две рунди имаат пласман во следната рунда, каде ќе ги очекуваат уште поголеми предизвици на ова натпреварување.
Михаел Олис беше херојот на овој дуел откако францускиот интернационалец со гол во второто полувреме ја донесе победата. Јасно беше дека баварците ќе имаат многу потешка задача отколку на отворањето со аматерите од Нов Зеланд, но избраниците на Компани сепак успеаја во раната фаза да го скршат отпорот на Бока, поведувајќи во 18. минута преку Кејн.
Аргентинскиот гигант успеа да израмни на 1-1 преку Мерентиел во 66. минута, но иницијативата на Баер вроди со плод на четири минути до крајот, кога Олис стрелаше прецизно на асистенција на Кејн.
Во вториот меч од утринската програма по европско време, Есперанца Тунис славеше со 1-0 против Лос Анџелес, со погодокот што го постигна Белаили во 71. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

