Кој удри фудбалски судија, оди директно во затвор

Италијанските власти најавија, а од викендов и ги реализираа промените во законот, со што фудбалските судии го добиваат статусот на правна заштита што ја имаат и полициските и останатите јавни службеници на Апенинскиот полуостров.

Според измените на законот, секое туркање, удирање, па дури и закани кон судиите можат да резултираат и со затворска казна за прекршителите на овој закон.

„Спортот значи верност и емпатија. Кој не го прифаќа тоа е предупреден – од утре насилничкото однесување и покажувањето агресивност кон судиите ќе се казнува без одлагање, дури и со затворски казни“, изјави заменик-министерот за правда, Андреа Остелари.

Италијанските судии гласно се жалеа на се почести инциденти и насилство над нив, поголем број од случаите беа во пониските лиги но арбитрите настапија обединето, бараа промени во целокупниот систем, што на крајот и ги добија.

Се вчитува...