Храброст или лудост: Со дрес на Бока влезе на трибината меѓу навивачите на Ривер (видео)

Ривалството меѓу Ривер и Бока јуниорс е добро познато како едно од најомразените во светот на фудбалот, па затоа изненадувачки е потегот на еден навивач, кој на синоќешниот дуел од клупското СП се појави на трибината меѓу навивачите на Ривер – носејќи дрес на Бока.

Веднаш штом беше забележан атмосферата се вжешти за десетина навивачи, тој беше принуден најпрвин да го соблече дресот, а потоа обезбедувањето со крајни напори успеа да го изнесе од трибината крај бесните фанови на Ривер.

Храброст или лудост, тоа е најмалку важно, среќа што беше избегнат посериозен инцидент.

Се вчитува...