Поранешниот англиски ас приведен во Грција по кавга со девојката

Англискиот голгетер Енди Керол кој во кариерата се прослави со настапите за Њукасл Јунајтед, Ливерпул и Вест Хем Јунајтед бил приведен од страна на грчката полиција по кавга со девојката Лу Тисдејл во Миконос.

Кавгата започнала во полн ресторан на плажа. Керол бил пијан по што интервенирала полицијата, но му било дозволено да и се врати на девојката. Тоа не било крај на драмата бидејќи неколку часа подоцна следела нова кавга во хотелот каде персоналот утврдел и голема материјална штета.

Имено, Керол ја скршил вратата од апартманот па бил приведен од страна на полицијата, но против него е е поднесена кривична пријава.

Се вчитува...