Керкез од Белград право на потпис со Ливерпул

Унгарскиот репрезентативец со српско потекло Милош Керкез наскоро и официјално ќе стане нов фудбалер на Ливерпул со оглед на тоа што преговорите за негов премин од Бормут на „Енфилд“ се завршени.

Останува уште младиот фудбалер да ги заврши медицинските прегледи, а тоа се очекува да биде во текот на денот откако тој ќе слета во Ливерпул и тоа од Белград, објави новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнстејн.

Трансферот на 22-годишниот лев бек се очекува да изнесува 40 милиони фунти, а договорот да биде потпишан на пет години.

Се вчитува...